Бискупот Стојанов ја прими во посета новата в.д. директорка на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Во четвртокот на 4.10.2018 во Бискупската резиденција во Скопје, НВП Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – Скопски епарх ја прими во посета новата в.д. директорка на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза м-р Андриана Јелиќ. Изразувајќи благодарност за досегашната успешна соработка меѓу Скопската бискупија и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, бискупот Стојанов и’ посака успех и благослов во работата на новата директорка. Во текот на разговорот, г-ѓа Јелиќ се осврна кон мисијата и новите проекти на музејот и изрази желба за продолжување на досегашната соработка.