Големата мајка

СУВЕНИР ГОЛЕМАТА МАЈКА

Сувенир во две димензии: 
6 cm x 9 cm
9 cm x 15 cm

Оригиналната скулптура од теракота е пронајдена во една куќа во неолитската населба ТумбаМаџари, во близина на Скопје во 1981 год. со висина од 39 см.

Големата мајка е претставена како божица на плодноста и има улога на семејно светилиште кое го чува мирот во домот. Таа е заштитничка на домот и семејството и симболизира мајка хранителка. Во Р.Македонија Големата мајка” (Magna Mater) е најпочитуван култ во периодот на неолитот. Првите претстави се од 6500- 3500 п.н.е.

Големата мајка е претставена преку еден цилиндер со лик што излегува од правоаглоен постамент – куќа. Истовремено со широко отворени раце го држи покривот и како да излегува од него. Ликот е шематизиран, очите се нагласени, фризурата модерна за тоа време, мали гради и раце украсени со пластични белезици.