Доделување награда од ИКОМ за Проект на годината

Комисијата за доделување на наградата “18 Мај – Меѓународен ден на музеите” на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирано во 2016 година, на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза ја додели наградата Проект на годината за проектот “Tишината раскажува за Мајка Тереза” од авторот Цветанка Вучковска – Митовска.

“Почитувани присутни, мојата желба да присуствувам на доделувањето на наградата е огромна, но за среќа животот не благословува со нови предизвици кои стануваат наш приоритет. Искрено се радувам и бескрајно сум благодарна за наградата: навистина ме радува што проектот е препознаен како важен во областа на музеологијата. Ние како кустоси во Спомен куќа на Мајка Тереза, поддржани од директорката Рената Кутера Здравковска, секојдневно се трудиме и ќе продолжиме да работиме на доближување на животната мисија на нашата патронка до сите посетители на нашиот музеј, без оглед на нивниот хендикеп.” -Цветанка Вучковска – Митовска