Живко Поповски Цветин во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје

На 23 ноември нашите простории ги посети светски познатиот сликар и хуманист г.дин Живко Поповски Цветин, кој досега подарил над 60.000 илјади цвеќиња на мирот и организирал над 300 изложби во нашата земја и надвор. Тој е познат и по тоа што во март 1984 година, добил писмо од Мајка Тереза, и оваа писмо е изложено во галеријата. Го пречека директорот Насер Цури со кого разговараа за идеи, планови и за една професионална соработка за во иднина.