Звонимир Атлетиќ во посета на Спомен куќа на Мајка Тереза

Во посета на Спомен куќа на Мајка Тереза денес беше Звонимир Атлетиќ, професионален фотограф од Хрватска. Тој се запознал со Мајка Тереза во 1977 и од тогаш се сретнале уште неколку пати додека ја придружувал на нејзините патувања во Хрватска и Индија, документирајќи го нејзиниот живот и работа. Овде тој стои пред неговите фотографии изложени во галеријата на Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје.