Изложба „Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на целиот Свет“

Киелце, 12 јуни 2017

Во Киелце, Р.Полска, во 12 часот беше отворена изложбата посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Изложбата претходно беше поставена во Центарот за научни информации и академска библиотека во Катовице, Полска.

Во Киелце, беше поставен како дел од саемот Sacroеxpo (Саем за промоција на производи со сакрален карактер) на кој НУ Спомен куќа на Мајка Тереза се претстави и со дел од производите од сувенирницата.