Изложба „Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на целиот Свет“

Познањ, 09 јули 2017

Во Познањ, Р. Полска, во 14 часот беше отворена изложбата посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Изложбата беше поставена во црквата Св. Станислас. Истата беше отворена од страна на Дорота Напирала (Претседател на фондацијата Џовани), Бискупот Дамјан Брил, Дон Матеуш Мишак (парох), Дон Јакуб Лихњак.

Исто така, со свој краток концерт, на отворањето се претстави и групата Рисен.

Изложбата претходно беше поставена во Центарот за научни информации и академска библиотека во Катовице и во Киелце како дел од саемот Sacroеxpo (Саем за промоција на производи со сакрален карактер) на кој НУ Спомен куќа на Мајка Тереза се претстави и со дел од производите од сувенирницата.

Историјата на црквата на Језуитите започнала во 16тиот век. Во 1570 година владиката Адам Конарски ги донел во Познањ и им ја дал малата црква Св. Станислас. Во меѓувреме, црквата станала премногу мала за верниците, па затоа Језуитите одлучиле да изградат нова црква. Во 1651 година бил вграден камен-темелник. Поради различните војни, кои траеле во Полска од 17 век, црквата била завршена во 1701 година. На 27-ми септември 1705 година епископот Хиероним Виежбовски ја осветува црквата, меѓутоа,црквата се доградувала се ди средината на 18 век. За време на изградбата биле ангажирани уметници како: Бартоломеј Натанјел Васовски, Карол Данкварт, Алберто Бианко, Помпео Ферари, Францизек Кошмински.

Од 1912 до 1914 година црквата била темелно реновирана, но за време на Втората светска војна таа била сменета во магацин, што предизвикало некои оштетувања. Кога Познањ бил опколен во 1945 година, исто така била оштетена црквата, но од 1951 година повторно била отворена за верниците. Големи градежни работи за обнова на црквата биле извршени во периодот од 2004 – 2008 година. Денес, црквата Фара е Базилика Мала, барокен бисер и веројатно најубавата црква во Познањ.