Изложба “Љубовта нема граници”

По повод 110 години од раѓањето на Мајка Тереза, на 26ти август 2020 година, во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза се одржа изложба насловена “Љубовта нема граници”.

Настанот беше отворен од страна на претседателката на Заедницата на Хрвати во РСМ, Невенка Костовска, и директорот на Спомен куќата Аријан Асланај.

На истиот со свои дела се претставија Сњежана Мелник и Наталиа Будлинска, ликовни уметници од Украина, а изложбата беше официјално отворена од Виолета Калиќ, историчар на уметност.

Со музичка точка настапи Мр. Јулија Нелковска со изведба на Bailamos и Corason. Македонско – хрватската поетеса Љерка Тот Наумова и албансиот книжевник Ахмет Селмани читаа свои дела посветени на Мајка Тереза. Маја Андреевска и Слаѓана Милосављевиќ читаа стихови од истакнати македонски поети како Гане Тодоровски, Анте Поповски, Славко Јаневски, Петре М. Андреевски и Ацо Шопов.

Водител на настанот беше Јадранка Чадиковска.