Концерт на камерниот хор „Сакрум“ од Лублин, Полска

КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ ХОР „САКРУМ“ ОД ЛУБЛИН, ПОЛСКА

Во понеделник на 23.07.2018 год. во 19 часот во подрумскиот амфитеатар на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза ќе се одржи концерт на камерниот хор Kameralny Chór “Sacrum” од Лублин, Полска.
Тие ќе се претстават со нивниот репертоар исполнет со песни од богатата православна и католичка сакрална музика, како и со традиционални полски песни. Хорот е под водство на диригентската палка на Ангелика Иваниук.
Влезот е слободен, повелете!