Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

04.09.2017

 

По повод една година од канонизацијата на Мајка Тереза и 20 години од нејзиното упокојување во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, на 04.09.2017 година, во 19 часот беше отворена изложбата Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Истата беше отворена од страна на директорката на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, Рената Кутера Здравковска и бискупот на Скопската Бискупија д-р Киро Стојанов.

Изложени се 22 колажи со фотографии и текстови, преку кои се прикажува старо Скопје-родниот град на Мајка Тереза, детството и младоста на Гонџа, преминот од Гонџа во сестра Тереза, позначајни награди, нејзината смрт, беатификацијата и канонизација.

Оваа изложба, на италијански јазик, прво беше прикажана во Рим на 04.09.2016 година по повод канонизацијата на Мајка Тереза. Потоа, на англиски јазик, беше поставена во рамки на 4. Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог од 3ти до 5ти ноември 2016 година, во хотелот Епинал во Битола. Оваа година, изложбата, на полски јазик, беше поставена во Катовице, во Центарот за научни информации и академска библиотека; во Киелце, како дел од саемот Sacroеxpo и во Познањ во црквата Св. Станислас.