Мајка Тереза

НАГРАДИ

Во текот на својот живот, Мајка Тереза, за својата хуманитарна работа, има добиено повеќе од 700 награди и се смета за најнаградуваната личност на XX век.

Позначајни награди и признанија кои ги има добиено се:

  1. 11 август 1962 година – Награда Падма Шри од претседателот на Индија

  2. 31 август 1962 година – Награда Magsaysay Award во Филипини

  3. 6 јануари 1971 година – Папата Павле VI ѝ ја доделува наградата за мир „Папата Јован XXIII”

  4. 16 Октомври 1971 година – Награда Џон Ф. Кенеди

  5. 15 Ноември 1972 година – Награда Jawaharlal Nehru

  6. 25 април 1973 година – Темплетон награда за извонредни заслуги во хуманитарната работа

  7. 1977 година – Титула Doctor Honoris Causa по Теологија на Универзитетот Кембриџ

  8. 1978 година – Награда од Фондацијата Балзан за хуманост и мир меѓу луѓето

  9. 10 декември 1979 година – Нобелова награда за мир

  10. 22 март 1980 година – Награда Барат Ратна (Скапоцен камен) – највисоко државно признание на Индија

  11. 27 јуни 1980 година – Прогласена за почесен граѓанин на Скопје

  12. 24 ноември 1983 година – Орден Order of Merit од кралицата Елизабета II

  13. 1985 година – Претседателски медал за слобода доделен од претседателот на САД Роналд Реган

  14. 1996 година – Прогласена за почесен државјанин на САД

  15. 5 јуни 1997 година – Конгресен златен медал на САД