Министерот за надворешни работи на Литванија во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

На 29 јануари, 2019, во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза беше министерот на надворешни работи на Литванија, Linas Linkevičius. Тој беше пречекан од директорот на Спомен куќата на Мајка Тереза, Ариан Асланај кој му ја претстави постојаната поставка на музејот. На крајот од средбата тој се потпиша во книгата на впечатоци.