Научна конференција „100 години од смртта на Коља Бојаџиу“ (1919-2019)

Во Скопје се обележа 100 годишнината од смртта на Коља Бојаџиу, таткото на Мајка Тереза. Настанот се одржа во просториите на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, каде што присутните првично ги поздрави директорот Ариан Асланај и рече дека на оваа годишнина лик како Коље Бојаџиу заслужува сериозна комеморација и посветеност. Активен дел од организацијата на оваа научна конференција беше и Амбасадата на Косово во Скопје, предводена од амбасадорот Ѓерѓ Деда. Други учесници на конференцијата беа и личниот биограф на Мајка Тереза, Дон Љуш Ѓерѓи, Мехмет Приштина, претставникот на католичките семејства во Скопје, Антон Серечи, директорот на НИДКНА – Скопје, Скендер Асани, Нора Малиќи, Розина Костани, Алберт Рамај, Хидајете Азизи и Исамедин Азизи.