Посета на папата Франциск

Папата Франциск, поглавар на римокатоличката црква, е првиот папа што ја посетил нашата земја. При неговата апостолска посета, од огромно значење е посетата на родниот град на Мајка Тереза и Спомен куќата на Мајка Тереза заедно со лидерите на верските заедници каде што оствари и средба со сиромашните. Во своето обраќање, непосредно пред неговото доаѓање, тој изјави: Мојата посета ја посветувам и на Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.