Посета на ученици од ОУ „Коле Неделковски“, Скопје

На 12 септември 2018 год. во предпладневните часови, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза ја посетија две паралелки од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје, заедно со нивните учителки. Оваа посета беше едукативна, а учениците имаа можност да поставуваат прашања и да споделуваат сопствени размислувања за мисијата на Мајка Тереза и за општочовечките етички вредности.
Им благодариме за посетата!