Претседателот на Собранието на Република Албанија ја посети НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Вчера на 10 декември 2018 НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје ја посети претседателот на Собранието на Република Албанија г-дин Грамоз Ручи. Тој беше срдечно пречекан од директорот на Спомен куќата на Мајка Тереза г-дин Ариан Асланај кој во оваа прилика му ја претстави постојаната поставка на музејот. Изразувајќи ја благодарноста за посетата на единствениот музеј во светот посветен на Мајка Тереза, г-дин Ручи истакна дека Скендербег и Мајка Тереза се мостовите преку кои албанците се поврзуваат со европската цивилизација и христијанството. На крајот од средбата, директорот Асланај на престедателот на Собранието на Република Албанија му подари филигран од срма со ликот на Мајка Тереза.