Примопредавање на Книгата на жалост за Мајка Тереза

Денес (11.09.2018) во просториите на Град Скопје се одржа примопедавање на Книга на жалост која Градот Скопје ја отвори по повод смртта на Мајка Тереза на 5 септември 1997 год. Примопредавањето го изврши Антонио Павловски од кабинетот на градоначалникот, а Книгата на жалост ја прими директорката на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, м-р Рената Кутера Здравковска.
Овој значаен документ кој отсега ќе биде дел од постојаната музејска поставка, ќе биде чуван од забот на времето според музејските стандарди.
Во оваа прилика изразуваме благодарност до Град Скопје за остварената соработка!