Промоција на водич со брајово писмо

Идејата за реализација на овој проект постои уште од самите почетоци на работењето на Спомен куќата и беше реализиран со поддршка на Министерството за култура. Водичот ги содржи сите потребни информации за Спомен куќата придружени со текст кој го раскажува животниот пат на Мајка Тереза, од раѓањето се до нејзината канонизација што се случи на 04ти септември 2016 година.

Со овој проект Спомен куќата заокружува едно поглавје и во целост ги задоволува потребите на сите посетители.

Автори на наративниот текст се Андриана Јелиќ и Цветанка Вучковска-Митовска.