Промоција на “Мајката и инаквите приказни”од авторката Елизабета Баковска

По повод Денот на македонскиот јазик, 5ти мај, во просториите на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза, се одржа промоција на книгата за деца “Мајката и инаквите приказни”од авторката Елизабета Баковска. Покрај авторката, во промоцијата учество земаа и учениците од второ одделение од ООУ Ј. Х. Песталоци кои преку игра и прашања научија за приказните напишани во книгата.