Се сеќаваме на скопскиот земјотрес – Мајка Тереза и Скопје

По повод катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година Мајка Тереза упатила апел за помош на настраданите во нејзиниот роден град.

На фотографијата Мајка Тереза заедно со градоначалникот на Скопје Методи Антов ја разгледуваат макетата на градот Скопје по земјотресот, во рамките на нејзината посета на нејзиниот роден град во јуни 1980 година.
Фотографијата е дел од постојаната поставка во Спомен куќата на Мајка Тереза.