Соработка со Државниот архив на РСМ

Заменик директорот на Државниот архив на РСМ, Музафер Бислими, денеска беше во посета на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза, каде што беше пречекан од директорот Насер Цури. На средбата се разговараше за 25 годишнината од упокојувањето на Мајка Тереза и за соработка меѓу двете институции во форма на изложба, каде што Спомен куќата на Мајка Тереза ќе допринесе со документи кои се дел од нашата архива.

Државниот архив во оваа прилика, ни подари книга која е од големо значење за градот Скопје и за нашата институција.