Амбасадорот на Република Косово во посета на НУ Спомен Куќа на Мајка Тереза

Денес. 06 јули 2022 година, НУ Спомен Куќа на Мајка Тереза – Скопје беше посетена од новоименуваниот амбасадор на Република Косово – Флоријан Ќехаја и претседателот на економската Комора на северо – западна Македонија – Неби Хоџа. Тие беа пречекани од директорот Хасер Цури кој им ја презентираше работата на Спомен куќата како и постојаната поставка во галеријата.