Двете рози на Исус

НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје со големо задоволство Ви ја најавува претстојната меѓународна изложба “Двете рози на Исус” која што ќе се отвори на 7ми јуни 2022 година во катедралата Св. Петар во Лизје, Франција. Истата е поддржана со Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2022 година.

На отворањето ќе присуствува амбасадорката на РСМ во Франција, г-а Јадранка Чаушевска-Димов и градоначалникот на Лизје.

Изложбата ќе биде отворена за посета од 07.06 до 17.06.2022 година.