Драгана Брајовиќ, сопруга на претседателот на Собранието на Црна Гора, во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Вчера, на 23 јануари 2019 во посета на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза беше сопругата на претседателот на Собранието на Црна Гора, Драгана Брајовиќ. Во срдечна атмосфера таа ја разгледа постојаната поставка на музејот и се потпиша во книгата на впечатоци.