Изложбата „Мајка Тереза – Светица од Скопје, светица на светот“ во Марибор, Словенија

Во Марибор, Словенија, во галеријата Епека во 19 часот беше отворена изложбата посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Изложени беа 24 колажи со фотографии и текстови, преку кои се прикажува старо Скопје-родниот град на Мајка Тереза, детството и младоста на Гонџа, преминот од Гонџа во сестра Тереза, позначајни награди, нејзината смрт, беатификацијата и канонизација. Изложбата претходно беше прикажана во Италија, Полска, Јапонија. На отворањето се обратија директорот на галеријата Штефан Симочиќ и директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Ариан Асланај. Носител на проектот е Андриана Јелиќ, а комесар на изложбата е Снежана Алексовска. Изложбата беше отворена од 07 до 12 октомври.