Изложба „Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на целиот Свет“

Киелце, 12 јуни 2017

Во Киелце, Р.Полска, во 12 часот беше отворена изложбата посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Изложбата претходно беше поставена во Центарот за научни информации и академска библиотека во Катовице, Полска. Комесар на изложбата е Андриана Јелиќ.

Во Киелце, беше поставен како дел од саемот Sacroеxpo (Саем за промоција на производи со сакрален карактер) на кој НУ Спомен куќа на Мајка Тереза се претстави и со дел од производите од сувенирницата.