Изложба “Љубовта нема граници”

По повод 110 години од раѓањето на Света Мајка Тереза, Здружение на Хрватите во Северна Македонија и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, ве покануваат на изложба “Љубовта нема граници” на Сњежана Мелник и Наталиа Будлинска од Украина.
Изложбата ќе биде збогатена со музичка изведба од мр. Јулија Нелковска и читање на поезија.
Изложбата ќе се отвори на 26ти август 2020 година во 19 часот во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и ќе трае до 28ми август 2020 година.
Изложбата ќе биде реализирана по соодветен протокол притоа запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита.