Концерт на камерниот хор “Sacrum” од Лублин, Полска

На 23 јули 2018 год.  камерниот хор “Sacrum” од Лублин, Полска одржа концерт во подрумскиот амфитеатар на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Тие се претставија со репертоар исполнет со песни од богатата православна и католичка сакрална музика, како и со традиционални полски песни. Хорот беше под водство на диригентската палка на Ангелика Иваниук.