Мајка Тереза прогласена за светица

04 септември 2016

На 4 септември, 2016 година, Мајка Тереза ​​беше прогласена за Света Тереза ​​од Калкута, од страна на папата Франциск.

Пред повеќе од десетици илјади верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, кардиналот Анџело Амато – префект на Конгрегацијата за прогласување за светци, прочита кратка биографија за делата на Мајка Тереза, а потоа побара од папата да ја канонизира во името на Црквата.

Папата Францис одговори: “Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат. Ја прогласуваме Блажената Тереза ​​од Калкута да биде светица и ја запишуваме меѓу светците, и таа треба да биде почитувана како таква од страна на целата Црква.”

Меѓу присутните ќе ги споменеме: Татко Брајан Колоџејчук, МЉ, кој е постулатор за беатификацијата и канонизацијата на Мајка Тереза ​​од Калкута и директор на Центарот Мајка Тереза; Аге Бојаџиу (внуката на Мајка Тереза) и нејзиното семејство; делегација од Република Македонија; Кралицата Софија од Шпанија и други членови на кралски семејства; претставници на дипломатскиот кор, стотици сестри од Мисионерките на милосрдието од целиот свет, како и претставници на различни верски заедници, свештеници, верници и поддржувачи на Мајка Тереза.