Мајка Тереза

БЕАТИФИКАЦИЈА И КАНОНИЗАЦИЈА

По неколкугодишната борба со болест на срцето и белите дробови, Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година на 87-годишна возраст. Во знак на благодарност, индиската влада, на 13 септември, организираше погреб со највисоки државни почести.

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација на Мајка Тереза.

На 19 октомври 2003 година, Папата Јован Павле II ја прогласува Мајка Тереза за Блажена.

На 17 декември 2015 година, Папата Фрањо го одобрува второто чудо потребно за Мајка Тереза да биде прогласена за светица.

На 04 септември 2016 година, еден ден пред годишнината од нејзината смрт (5 септември 1997 година), Папата Фрањо ја прогласува Мајка Тереза за Светица .

Света миса по повод канонизацијата на Мајка Тереза на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан
Папата Фрањо: Мајка Тереза светица за сиромашните и волонтерите