Министерот за култура Асаф Адеми во посета на Спомен куќата на Мајка Тереза

Денес беше отворањето на новата поставка слики од Света Мајка Тереза по посетата на министерот за култура, Асаф Адеми. Министерот беше задоволен од целосното реновирање на објектот, новото осветлување како и промената на старите слики и рамки со нови.
Целосното реновирање се направи по повод на 10 годишнината од отворањето на Спомен куќата и доаѓањето на папата Франциск во Скопје, за што ќе се одржи прес конференција после 7ми мај.
Министерот изрази благодарност, ни посака успех во понатамошната работа и изрази поддршка од Министерството за култура како и од него лично.