Официјална посета на претседателот на Собранието на Р.Словенија г. Дејан Жидан

Во вторикот на 25 септември 2018г. во официјална посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза беше претседателот на Собранието на Република Словенија г. Дејан Жидан. Тој беше пречекан од м-р Андриана Јелиќ, в.д. директорка на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Во срдечна атмосфера тој ја разгледа постојаната музејска поставка, по што се потпиша во книгата на впечатоци. Директорката му предаде позлатен медалјон со ликот на Мајка Тереза како спомен од неговата посета на музејот.