Посета на новинарот Хајруш Мани од Радио Скопје

Денес, 23.05.2022 година во Спомен куќата присуствуваше новинарот Хајруш Мани од Радио Скопје, водител на емисијата „Радио микс“. За потребите на истоимената емисија, директорот Насер Цури даде детално интервју во кое го опиша својот удел во културно-образовниот живот во Скопје, преку својата долгогодишна работа.Посебен акцент беше ставен на идните планови кои господинот Цури ги има како раководно лице во Спомен куќа на Мајка Тереза.