Посета на децата од СОС Детско село Македонија

Во средата на 18 јули 2018 год. во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза беа децата од СОС Детско село Македонија заедно со нивните едукатори.
Во рамките на оваа посета децата имаа можност да ја разгледаат поставката во галеријата, да ја посетат капелата/светилиштето на Мајка Тереза, а потоа следеше проекција на цртаниот филм синхронизиран на македонски јазик „Мајка Тереза – пет зборови“. Потоа децата учествуваа во едукативна работилница инспирирана од ликот и пораките на Мајка Тереза.

Во оваа прилика изразуваме благодарност за соработката!