Промоција на автобиографии и монографии за светски познати личности

02.01.2016

Промоција на автобиографии и монографии за светски познати личности, спорт, здраво живеење и исхрана, дела за најпознатите битки и војни во историјата и дела од архитектурата и дизајнот како дел од новиот проект на Министерството за култура и Владата на Република Македонија.

На промоцијата говореа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канечска-Милевска, проф. д-р Димитар Мирчев и деканот на Факултетот за за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Вуица Живковиќ. Според премиерот Никола Груевски, во делот на автобиографската литература проектот нуди можност за македонските читатели да се запознаат од блиску со животот и делото на исклучително значајни личности кои со својата позиција, дејствување и достигнување останале трајно врежани во светската меморија. Првите 10 книги се однесуваат на животот и делото на Бенџамин Френклин, Моцарт, Тито, Бонапарта, Хрушчов, Петар Велики, Стив Џобс, Медлин Олбрајт, Микеланџело и Марија Кири. Според министерката за култура Елизабета Канечска-Милевска промовираат три наслови од едицијата „Познатите битки и војни во светската историја“, кои се од голема важност не само за историчарите, туку и за културолозите и сите проследувачи на глобалните гео-политички текови.