Промоција на монографијата „Денови на света Мајка Тереза”

21 февруари 2017

Промоција на монографијата „Денови на света Мајка Тереза” која ги содржи главните моменти од манифестацијата “Денови на света Мајка Тереза” одржана на 4ти септември 2016 година, по повод канонизацијата на Мајка Тереза.

Книгата претставува одличен потсетник за настаните опфатени во Татковинската прослава, но и драгоцен запис за историјата. Во книгата се поместени обраќањата, излагањата, проповедите, литургискиот водич, документите поврзани со настанот како и богата фотогалерија. Оваа книга која е своевиден придонес во издаваштвото на католичка литература во Македонија е сведоштво за значајниот настан што се случи на плоштадот Македонија во Скопје, за прв пат во историјата, каде беше одржана света Миса предводена од делегат на Светиот Отец папа, Н.Е. Винко Кардинал Пулиќ, Надбискуп и Митрополит Врхбосански.