Учениците од СУГС „Зеф Љуш Марку“ во посета на Спомен куќата на Мајка Тереза

На 21 март 2019, првата детска амбасада Меѓаши организираше училишна активност „Мирот започнува со насмевка“, на која присуствуваа учениците од СУГС „Зеф Љуш Марку“. Учениците ја посетија Спомен куќата на Мајка Тереза каде што ги пречека директорот Ариан Асланај и им ја претстави поставката на музејот како и животот и делото на Мајка Тереза. Им благодариме на посетата и се надеваме на повеќе соработки во иднината.