Учество на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза на Европскиот форум на Лајонс клубот во Скопје

Вчера на 25 октомври 2018 во Македонската филхармонија беше отворен Европскиот форум на Лајонс клубот. НУ Спомен куќа на Мајка Тереза беше дел од овој настан, имено на пленарната сесија со наслов „Скопје: 55 години Град на солидарноста и родно место на Мајка Тереза“, м-р Ена Чаусидис имаше презентација за животот на Мајка Тереза во Скопје.
Во оваа сесија учествуваше и градоначалникот на општина Карпош г-дин Стефан Богоев, м-р Ива Петрунова, г-дин Нареш Агарвал, г-дин Џузепе Грималди и г-ѓа Сангета Јатиа со свои излагања на темата. Потоа следеше официјалното отворање на Форумот на кое учествуваше премиерот на Р.Македонија г-дин Зоран Заев.

Благодарност до Лајонс Клуб Македонија за поканата на овој настан.

(фото: Општина Карпош и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза)