Накит од филигран

Накит од фили2гран

Рачно изработен филигрански накит од тенка сребрена жица. Ова прекрасно остварување на филигранската техника зрачи со исклучителната убавина на македонскиот традиционален накит. Во етно-културата на Македонија филигранот претставува врвен израз на креативноста во уметничката изработка на накит.

Името филигран доаѓа од латинските зборови filum (нишка) и granum (зрно), кој како збор се востановил во XVII век во Франција. Иако филигранот стана посебна гранка на јувелирството во модерно време, оваа техника била составен дел на златарите од античко време. Бидејќи не постоеле мостри и шеми за изработка на мотиви, кај оваа техника најмногу е пројавен индивидуалниот народен дух. Секој мајстор ги комбинирал шарите „од умот“, а добрите мајстори на филигранот биле надалеку прочуени и добро платени за својата работа. Филигранската техника првенствено е застапена во Медитеранот. Познати се примероци накит кои се пронајдени во Троја и кои потекнуваат од 2500 г.п.н.е. како и во Микена од 1500 г.п.н.е. Преубави примероци накит изработени со филигранска техника откриени се во етрурските гробници кои потекнуваат од VI век п.н.е. Во Стар Рим, филигранската техника се користела на големо. Под влијание на римската уметност во време на „големата преселба на народите“, оваа техника на изработка на накит била широко прифатена и кај германските племиња. Својот зенит го достигнува во Византија од VI до XII век.

Филигранската уметност се состои од виткање, усукување и плетење на тенки метални жици, и нивно спојување (лемење) една со друга во точките на допир како и со подлогата. За гранулирани мотиви, се сечат мали парчиња од златна или сре

Брошовите, крстовите, обетките, копчињата и други лични украсни предмети изработени во филигранска техника во денешно време, за да го задржат својот облик се зацврстени со метални плочки или ленти.

Спецификации

Техника: Филигран

Материјал: Сребро

Димензии: 4х4 цм

Цена: 2400 денари