10 години од отворањето на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза

Денес навршуваат 10 години од отворањето на Спомен куќата на Мајка Тереза. За овие 10 години објектот стана најпосетен музеј во Македонија со 80000 до 100000 посетители годишно. Особено сме горди на сите постигнати успеси, издавачката дејност и големиот број на изложби во Македонија и во светот.

Музејот е основан со одлука на Влада на РМ на ден 25.07.2008 година заради заштита, истражување, одржување, користење и презентација на музејски предмети поврзани со животот, делото и мисијата на Мајка Тереза.

Официјалното отворање на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза е на 30ти јануари 2009 година. Локацијата на самиот објект не е случајно избрана. Имено на ова место до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква Пресвето срце Исусово во која Мајка Тереза тогаш Гонџа Бојаџиу била крстена само еден ден по своето раѓање. Редот на езуитите кои меѓу двете светски војни ја предводеле католочката црква во Скопје, особено отецот Јамбрековиќ, одиграле клучна улога во одлуката на младата Гонџа да го напушти родното Скопје и семејството и својот живот да го посвети на Бога. На еден начин самата локација претставува симболичен мост помеѓу младата скопјанка Гонџа и една од најголемите хуманитарки во светски рамки, Мајка Тереза. Музејот претставува мултифункционална градба составена од три дела: галерија-изложбен простор, капела-духовен простор и амфитеатар–мултимедијален простор.

По повод канонизацијата на Мајка Тереза, на 04.09.2016 година, капелата официјално беше прогласена за светилиште.

Во прилог ги издвојуваме најважните настани со коишто музејот најмногу се гордее:

Меѓународни изложби:

2012 година – Рим, Италија “Блажената Мајка Тереза од Калкута – Икона на милосрдието”

2014 година – Софија, Бугарија “Мајка Тереза– Икона на милосрдието”, КИЦ на Рм во Софија

2016 година – Рим, Италија “Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на светот”, црква Св. Станислав

2017/2018 година – Катовице, Киелце, Познањ “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”

2017 година – Токио, Јапонија “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, Универзитет Софија

2018 година – Брисел, Белгија “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, Европски парламент

 

Во Македонија:

26.08.2010 година – Изложба на фотографии од авторот Ѕвонимир Атлетиќ “Мајка Тереза – мајка на сиромашните”, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

мај 2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, хотел Мак Петрол, Охрид (втора светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог)

2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, Институт за заштита на културно и духовно наследство на албанците во Македонија

октомври 2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, КИЦ, Скопје, во рамки на поетскиот фестивал на влашка култура

26.08.2011 година – Презентација на фотографии од L’Osservatore Romano, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

25.08.2013 година – “Мајка Тереза”, изложба од познатиот канадски сликар со македонско потекло Мајкл Клосе, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

октомври 2013 година – Изложба на печатени статии за беатификацијата на Мајка Тереза по повод одбележување на десет годишнината од беатификацијата на Мајка Тереза, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

26.08.2014 година – Изложба на откупени фотографии од агенцијата East News, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

26.08.2015 година – Изложба на фотографии откупени од Associated Press, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

30.09.2016 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, изложба за ОБСЕ, Хотел Мериот

04.09.2017 година – “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, по повод 20 години од смртта и 1 година од канонизацијата на Мајка Тереза, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

05.09.2018 година – “Наследството на Мајка Тереза” изложба на фотографии на Патриција Морено Руиз Олалде

 

Караван – Патувачка изложба и промоција на филмови

22.12.2012 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Центар за култура “Антон Панов”, Струмица

16.12.2013 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Градски музеј, Крива Паланка

17.12.2014 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Битола

10.11.2015 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Градска Библиотека “Гоце Делчев”, Велес

07.06.2016 – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Спомен куќа на Тоше Проески, Крушево

07.12.2018 година – 07.06.2016 – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, хотел Аполонија, Гевгелија