109 години од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје

На денешен ден, во 1910 година, во Скопје е родена најхуманата личност на минатиот век, Мајка Тереза. Родена во албанско-католичко семејство од родителите Никола и Драна Бојаџиу, Мајка Тереза ги помиинува првите 18 години од нејзиниот живот во Скопје, а остатокот го поминува во Индија. Во нејзиниот живот добива повеќе од 600 награди од кои најважната е Нобеловата награда за мир која ја добива во 1979 година во Осло. Умира на 87 години во 1997 година во Индија. Во 1999 година започнува диоцезиската фаза од процесот за нејзината беатификација и канонизација. Во 2003 Мајка Тереза е прогласена за Блажена, a во 2016 се прогласува за светица и станува Света Тереза од Калкута.