Изложба “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Хотел Аполонија, Гевгелија

07 декември 2017

 

На ден 07 декември 2017 година во 19 часот, во просториите на хотел Аполонија беше отворена изложбата “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието” од страна на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во соработка со Центар Мајка Тереза – Гевгелија и Фондација Аполонија. Истата ќе биде отворена до 18 декември 2017 година. На изложбата се обратија Рената Кутера Здравковска, директорка на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и отец Димитар, а свое учество имаа и децата кои се дел од Центарот Мајка Тереза. Изложени се 22 колажи со фотографии и текстови, преку кои се прикажува старо Скопје-родниот град на Мајка Тереза, детството и младоста на Гонџа, преминот од Гонџа во сестра Тереза, нејзината смрт, беатификацијата и канонизација како и познајчајните награди кои таа ги добила во текот на својот живот. Изложбата е дел од културниот караван кој НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со поддршка од Министерството за култура го оддржува секоја година во различен град од Република Македонија.