23 години од смртта на Мајка Тереза

Денеска навршуваат 23 години, откако на 05 септември 1997 година, на 87 годишна возраст почина Мајка Тереза. По неколкугодишната борба со болест на срцето и белите дробови таа се упокојува во Калкута каде што, по нејзина желба, е погребана.

Нејзиното тело со денови беше изложено во стаклен ковчег во цркавата Св. Тома. На 13 септември Индиската влада и организира погреб со сите државни почести на кој, меѓу другото, присуствувале и голем број светски делегации од Франција, Канада, Гана, Белгија, тогашните премиер и претседател на Индија, тогашната прва дама на САД, Хилари Клинтон. Погребот започна со свечена богослужба во црквата Св. Тома, а потоа во поворка од десетици илјадници лица нејзиното тело беше пренесено во преполниот стадион Нетаџи. Свечената церемонија траеше 3.5 часа, а кон присутните се обрати и сестра Нирмала, наследничката на Мајка Тереза во редот на Мисионерките на љубовта. Потоа телото беше однесено во главното седиште не Мисионерките на љубовта во Калкута, каде што и ден денес се наоѓа гробот.

Гробот е бела бетонска конструкција со бела мермерна плоча и со епитаф на кој пишува: „Сакајте се еден со друг, како што јас ве сакав вам“.