Ватикан издава монета со портретот на Мајка Тереза
На 6 годишнината од осветувањето на Мајка Тереза, Ватикан избра да го одбележи споменот на светицата од Скопје со посебна паричка.
Паричката е со вредност од 2 евра и на неа е портретот на Мајка Тереза која држи дете од Индија, направен од уметничката Ориета Роси.
Оваа слика ја отсликува сета љубов и посветеност што Мајка Тереза ги понуди за да ги олесни страдањата на „најсиромашните од сиромашните“.
