Детска Велигденска работилница во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје

На 30 април 2024 година, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје во соработка со градинката 13 ноември, Клон Јасмин, организираше работилница во повод празникот Велигден.
На работилницата децата боеа и работеа со различни материјали и на крајот од работилницата нивните изработки беа изложени на бунарот кој се наоѓа во долниот, надворешен дел на Спомен куќата.