Директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза-Скопје на средба со г. Дом Луш Ѓерѓи

На 08 февруари 2023 година директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, г. Насер Цури, се сретна со г. Дом Луш Ѓерѓи, во неговата резиденција, во Катедралата Мајка Тереза во Приштина. Средбата беше пријателска и професионална. Се разговараше за многу работи, меѓу другото и за продлабочување на соработката.