За музејот

ИСТОРИЈАТ

Желбата да ѝ се оддаде почит на најпознатата скопјанка и единствената нобеловка од Македонија, резултираше со реализирање на долгопосакуваната идеја за изградба на Спомен-куќата на Мајка Тереза. По тој повод, на 9 мај 2008 година, беше поставен камен-темелникот на спомен-куќата. По само девет месеци беше изграден објектот посветен на најхуманата жена на светот. Спомен-куќата, за посетителите, беше официјално отворена на 30 јануари 2009 година.

Локацијата на објектот не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање.

Од отворањето во 2009 година, па до денес, спомен-куќата е посетувана од 80.000 до 100.000 посетители годишно, меѓу кои биле и голем број претседатели на држави, министри, амбасадори, црковни великодостојници, внуката на Мајка Тереза, Аге, кардиналот Пјетро Паролин (државен секретар на Ватикан) и други.

ПОСТАВКА

Галерија

Внатрешноста на изложбениот простор во спомен-куќата на Мајка Тереза е направена со цел да потсетува на типична градска куќа од Македонија на почетокот на XX-от век.

Поставката започнува со фотографии од старо Скопје од почетокот на дваесеттиот век кога Македонија сѐ уште била дел од Отоманската империја, а со цел да се долови духот на овој дел од Балканот како крстосница меѓу ориенталниот Исток и христијанскиот Запад. Преплетувањето на културите се проткајува низ секоја нишка на секојдневјето и е најдобро илустрирана преку изложениот мебел, кујунџиските изработки, облеката итн.

Концептот на изложбата е да се следи животниoт пат на Мајка Тереза од нејзиното детство поминато во родното Скопје преку годините поминати како Мисионерка на Милосрдието, па сѐ до нејзината смрт и беатификација.

Најзначајни предмети изложени во музејот се белото сари со сини ленти (второстепена реликвија), кое е нејзин знак на распознавање и воедно официјална униформа на Мисионерките на Милосрдието, копија од крштеницата издадена во католичката црква „Пресвето срце Исусово“, авторизирани копии од документи со нејзин ракопис и добиени награди.

Меѓу документите се изложени и молитвеникот напишан од Мајка Тереза, копија од Нобеловата награда за мир добиена во 1979 година, како и копија од писмото пратено до градоначалникот на град Скопје, Методи Антов, по повод добивањето на наградата.

Поставката располага со многубројни фотографии кои на најдобар начин ја доловуваат хуманитарната работа на Мајка Тереза и на сестрите од нејзиниот ред.

Амфитеатар

Подрумскиот дел од музејот е конципиран како мултимедијален простор каде што се одржуваат проекции, промоции, едукативни проекти и времени изложби поврзани со животот и делото на Мајка Тереза и воопшто со хуманитарната работа на луѓето од целиот свет.

Капела

Над изложбениот простор се наоѓа капела каде што свештеници од католичката црква одржуваат миси. На свечените миси, поврзани со значајни датуми од животот на Мајка Тереза, се изложува нејзината првостепена реликвија.

КУСТОСИ

Андриана Јелиќ

Датум на раѓање

07.06.1981

Образование

1999 – 2005 Филозофски факултет, насока историја на уметност со археологија

Јазик

Англиски, Италијански, Српски

Контакт

andriana@memorialhouseofmotherteresa.com

02 3290 674

Драган Костиќ

Датум на раѓање

15.02.1963

Образование

1982 – 1986 Филoлошки факултет “Блаже Конески”

Јазик

Српски, Англиски, Француски, Италијански

Контакт

dragan@memorialhouseofmotherteresa.com

02 3290 674

Снежана Алексовска

Датум на раѓање

17.12.1990

Образование

2009 – 2013 Филoзофски факултет, насока археологија

Јазик

Англиски

Контакт

snezhana@memorialhouseofmotherteresa.com

02 3290 674

Цветанка Вучковска

Датум на раѓање

27.09.1983

Образование

2003 – 2008 Филoзофски факултет, насока археологија

Јазик

Англиски, Германски

Контакт

cvetanka@memorialhouseofmotherteresa.com

02 3290 674