Бројаница со медалјонче Мајка Тереза

9

Што е бројаница?

Бројаница (лат. Rosarium, што значи круна од ружи) е форма на молитви која се користи во Католичката црква и претставува низа на јазли или монистри кои се користат за да се избројат молитвите.  Молитвите кои се молат на бројаницата се низа на десет „Здраво Марија“, наречени десетки. Секоја десетка започнува со молитвата „Оче наш“, по која се молат десетте „Здраво Марија“, а завршува со „Слава на Отецот“. Во текот на рецитацијата на секоја десетка се размислува за едно Таинство на бројаницата, таинствата ги претставуваат настаните во животите на Исус и Марија. Бројаницата се состои од 15 Таинства, кои се поделени во три тематски круга (радосни, светлосни, жалосни и славни таинства), базирани на текстови од Библијата.

Значењето на бројаницата во молитвениот живот на Мајка Тереза

Бројаницата била омилена молитва на Мајка Тереза која постојано ја молела. Ја молела во било кое време, на било кое место, но најмногу ја молела пред Пресветата Олтарска Тајна. Света Мајка Тереза (од Калкута), со нејзиниот пример и особено со нејзиното тивко сведоштво за приврзаноста кон Богородица преку бројаницата, ги поттикнувала нејзините следбенички и секој од нас да моли и да работи за единство со Богородица. Праксатата за молење на боројаницата на улиците станала дел од секојдневниот живот на Мисионерките на љубовта, и била знак по кој се препознавале сестрите кога минувале со бројаницата в рака низ сиромашните квартови во Индија. Мајка Тереза ги поучувала сестрите во Маријанската духовност велејќи им дека треба да ѝ се оддава чест на Богородица и „да пееме во нејзина слава каде и да одиме молејќи бројаница со љубов и посветеност секојденвно и на улиците“. Во католичката црква месец октомври е месец посветен на Богородица, период кога интензивно се моли бројаницата. Мајка Тереза во една прилика има изјавено дека „месецот октомври мора да биде посебен за секого од нас, како месец во кој Богородица нѐ повикува на многу посебен начин со неа да ги контеплираме таинствата на Исус“.

Карактеристики на сувенирот

Изработка: бронза и никел
Димензии: 24 цм
Цена: 240 денари