Кустоси од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, дел од практичната работилница „Визуелна приказна“

Денес, нашите кустоси Андриана Јелиќ и Цветанка Вучковска Митовска присуствуваа на практичната работилница „Визуелна приказна“ за посетители со попреченост организирана од НУ Музеј на РС Македонија.

Ја изразуваме нашата благодарност до нив за нивната инспиративна посветеност и вклученост во постигнување на целта за уметноста и културата да бидат достапни за сите!

Продолжуваме да создаваме простор каде што секој ќе се чувствува добредојден да го истражи ликот и делото на Мајка Тереза.