Мајка Тереза
МИСИОНЕРКИ НА МИЛОСРДИЕТО
На 10 септември 1946 година патувајќи со воз од Калкута за Дарџилинг доживува „повик во рамките на повикот” – инспирација да го напушти манастирот на сестрите од Лорето во Калкута и да се посвети на болните и сиромашните.
На 12 април 1948 година, со декрет од папата Пиј XII, добива дозвола да ја започне својата мисија меѓу најсиромашните на улиците во Калкута.
На 7 октомври 1950 година, Мисијата на Сестрите на Љубовта составена, во тоа време, од дванаесет членови, официјално е воспоставена како диоцезиска конгрегација. Во 1965 година, со декрет од папата Павле VI, редот е ставен директно под папска јурисдикција. На тој начин мисијата се шири и надвор од границите на Индија.
На 25 март 1963 година го основа и машкиот ред Браќа на Љубовта. Денес, има повеќе од 5000 активни Мисионерки на Љубовта во повеќе од 137 држави низ целиот свет.